Кликнете на еден од јазиците за приказ на интерактивните учебници на избраниот јазик.

  • ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ НА
    НАСТАВА.МК!

  • Искористете ги можностите што ви ги нуди е-учењето, истражувајте со нас и откријте ги во целост новите димензии на учењето.

ПРЕДНОСТИ НА ПЛАТФОРМАТА nastava.mk

NASTAVA.MK е едукативна платформа на дигитални учебници за IV, V и VI одделение која ви нуди персонализирано учење, приспособено на потребите на секој ученик, користејќи современи дигитални технологии во образованието.
ДИГИТАЛНИ УЧЕБНИЦИ

За прв пат, учениците од IV, V и VI одделение, ќе имаат прилика да учат на нов, за нив сепак близок начин. Со мултимедијалните и интерактивни содржини, кои ги обогатуваат печатените изданија, секоја наставна единица ќе може да се презентира на креативен, динамичен начин, а усвојувањето на знаењето ќе биде брзо, квалитетно и едноставно.
БОГАТСТВО НА СОДРЖИНИ

Сите наставни единици се богати со атрактивни мултимедијални содржини во вид на анимација, едукативни филмови, аудио записи, што ја прават наставата поинтересна и го задржуваат вниманието на ученикот.

УЧЕНИЦИ

Дали сакате повеќе да читате за некоја тема, да слушате за неа или најдобро памeтите кога содржината е во форма на видео или слика? Во секој случај, имаме решение за вас.

НАСТАВНИЦИ

Стимулирајте го интересот на учениците за материјалот со помош на дигиталните содржини. Квизовите, аудио и видеозаписите, 3Д-моделите и симулациите, ќе ви помогнат на интересен и креативен начин да им ги покажете едукативните содржини и ќе ја поттикнете нивната љубопитност.

РОДИТЕЛИ

Драги родители, со nastava.mk, можете во секој момент, потполно бесплатно, да го следите напредувањето на своите деца! Доволно е да се регистрирате и ќе имате увид до резултатите кои Вашето дете ги има постигнато, користејќи ги дигиталните учебници!

ВИДЕО УПАТСТВА

Регистрација на родител и ученик
Регистрација на наставник
Приклучување во одделение
Креирање на одделение

ПРЕДНОСТИ НА ПЛАТФОРМАТА

Jа прочитавте лекцијата и ви се чини дека знаете сѐ?

Проверете го своето знаење со голем број квизови и интерактивни задачи. Освен тоа што веднаш ќе знаете дали вашиот одговор е точен или не, по неколку неуспешни обиди, системот ќе ви го прикаже точното решение.

Ако го направам ова, што ќе се случи тогаш?
Сите знаеме дека најдобро се учи од сопствените грешки, па макар тие биле и виртуелни. Вежбајте различни типови на квизови, така што точноста на решенијата може да се провери веднаш.
Сликата вреди повеќе од илјада зборови, а видеото вреди повеќе од илјада слики.

Различните мултимедијални прикази ќе ја оживеат апстрактната содржина, ќе ги приближат далечните места и ќе ви овозможат патување низ времето. Бројните анимации, видеа, 3Д-форми и модели ќе ви помогнат да ги разберете и да ги доживеете содржините, наместо само да читате за нив.
Забележете сопствени размислувања и потсетници.

Сите се сеќаваме на зборовите на нашите наставници кои нѐ учеа да ги чуваме книгите, да не подвлекуваме и да не чкртаме во нив, за да можат да ги наследат генерациите по нас. Но, сите знаеме колку е корисно визуелно да ги означуваме и да ги нагласуваме текстовите со додавање белешки. Во дигиталните содржини на nastava.mk може да се означи сѐ што е важно и да се забележат сопствени размислувања и потсетници.
Еден од посебните предизвици на денешницата е на учениците да им се обезбеди сигурна онлајн-средина.

Затоа дигиталните содржини на nastava.mk се достапни само за регистрирани корисници и се задоволени највисоките стандарди за безбедност на личните податоци. Покрај тоа, сѐ додека ги користите дигиталните содржини на nastava.mk, можете да бидете безбедни и заштитени од сите промотивни содржини.

Системот за управување со учењето дава можност за брза и лесна комуникација помеѓу наставниците и учениците, задавање домашна работа, тестови за проверка на знаењето, како и следење на напредокот на секој ученик.
ПРАШАЊА
Дали од сега ќе има само е-книги?

Не, е-книгите се додаток на печатениот учебник. За секоја е-книга има и печатено дело.

Колку чини регистрацијата?

Регистрацијата на www.nastava.mk е бесплатна.

Кои податоци се потребни за регистрација?

За регистрација се потребни само име и презиме, како и валидна адреса за е-пошта.

Може ли да користам е-книга без личен код за пристап?

Не, за користење е-книга e потребна 12-цифрена шифра за пристап.

Кои системски барања мора да се исполнат за да се користат е-книгите онлајн?

Електронските книги на nastava.mk се обезбедени во формат HTML5. Интернет-прелистувачот мора да поддржува HTML5. Повеќе од 95 проценти од интернет-прелистувачите што се користат во Македонија го прават тоа, т.е. подрржуваат HTML5. Тие се на пример, Internet Explorer, Chrome, Safari и др. Ако е можно, користете ја најновата верзија на вашиот интернет-прелистувач.

Колку простор за складирање бара е-книга?

Кога ја отворате дигиталната полица за книги во интернет-прелистувачот и пристапувате до е-книга, се вчитуваат само страниците што ги отворате. Е-книгата не е трајно зачувана на вашиот уред.

Може ли да ги испечатам е-книгите?

Не, печатењето на е-книгите е забрането со авторски права.

Може ли да копирам содржина од е-книгите и да ја користам за други цели?

Не, копирањето на содржината на е-книгата е, како и кај печатените учебници, e забрането со авторски права.

Што е дигитална училница?

Дигиталната училница ви дава можност како наставник да комуницирате со вашите ученици на nastava.mk.

Имам технички проблем. Како да добијам помош?

Ве молиме контактирајте со поддршката на nastava.mk користејќи ја формата за контакт info@trimaks.mk. Поддршката на nastava.mk ќе се обиде веднаш да ви помогне.

Како се гарантира заштитата на моите податоци?

nastava.mk придава големо значење на усогласеноста со прописите за заштита на податоците. Вашите лични податоци се користат исклучиво за да се овозможи лесно функционирање на платформата и во никој случај нема да бидат пренесени на трети страни. Во условите за користење ќе најдете детални информации за аспектите на заштитата на податоците на nastava.mk.